Неверојатната моќ на сестринската прегратката – го спаси животот на послабото близначе (Видео/Фото)


Ова е неверојатна приказна за моќта на прегратката – прерано роденото бебенце со својата близина го спасило животот на својата сестра близначка која била во тешка состојба.

Сега двете се убави и здрави 17 годишни девојки!

sestrinska pregratkaБлизначките на Хајди и Пол Џексон се родиле неколку недели пред терминот. Брил и Кајри се родени на 17 октомври 1995 година во Ворчестер.Веднаш се сместени во посебни инкубатори.

Кајри, која се родил малку покрупна , бргу почнала да закрепнува но Брил имала проблеми со дишењето и со работата на срцето. Лекарите не очекувале Брил да преживее.

На 12 ноември 1995 Брил влегла во критична состојба – почнала да се бори за воздух, а бојата на нејзиното лиценце преминала во сива. Нејзините родители стравувале за нејзиниот живот.

Медицинската сестра Гејл Каспариан тогаш ја донел најважната одлука – наспроти правилата на болницата во која прерано родените бебиња се чувале во посебни инкубатори за да се избегне инфекција, се сетила дека чула за пракса во европските болници во критични случаи кај едно од близначињата, тие да се стават во еден инкубатор.

Kirie-e-Brielle-Jackson-– Дозволете ми да ја ставам Брил кај сестра и да видиме што ќе се случи. Не знам што друго да правам – им рекла на вознемирените родители.

За само неколку минути Брил се стабилизирала. Го ставила своето мало раче околу својата сестричка, почнала нормално да дише.

17 години подоцна тие се се уште многу блиски и среќни млади девојки.

Ризикот кој го презела Гејл Каспариан и го спасил животот на Брил со моќта на сестринската прегратка!

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1