НЕВЕРОЈАТНО: Ископал тунел од спалната соба до кафеана, оти сопругата му ‘рчела


Еден водоинсталатор од Омага во Ирска, верувале или не, ископал тунел од неговата спална соба до локалниот Паб кој што се наоѓа на околу 800 метри од неговата куќа. За тоа му требало цели 15 години, а ваквата идеа му дошла откако го изгледал филмот „Бекство од Шошенк“, а причина за тоа било ‘рчењето на неговата сопруга.Tunel-630x419

Петси Кер бил повикан на суд откако по негова заслуга под куќата на неговиот комшија пукнала канализациона цевка. Тој пред судот објаснил се во врска со тунелот, како и причините заради кои копал цели 15 години.

-Мојата сопруга има проблеми со ‘рчењето. Откако го изгледав филмот „Бекство од Шошенк“ во 1994 година, одлучив да преземам нешто во врска со тоа, па почнав да копам дупка под креветот во правецот на Пабот. Ги користев сите можни врсти на алати, а во 2009 успеав да излезам на другата страна и тоа во женскиот тоалет во Пабот, истакна пред судот Петси.

Тој претходните пет години секоја вечер во Пабот одел во 23 часот и се враќал еден час после полноќ. Неговата сопруга откако ќе заспиела незнаела воопшто што прави и каде неговиот сопруг.

-Да бидам искрен, драго ми е што сум откриен. Сопругата секое утро приметуваше дека мирисам на алкохол, а јас и одговарав дека е тоа мој природен мирис. Беше прашање на време кога некој ќе ме открие. Сопственикот на Пабот постојано се прашуваше како од нигде никаде се појавувам во исто време, и како ме снемува од женскиот тоалет, изјави Кер.

Тунелот беше откриен откако изби плроблем со канализацијата, откако Петси при копањето случајно ја удрил цевката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1