Еден пар од Виетнам неодамна ги однеле своите две годишни близначиња, на ДНК тестирање, при што откриле дека децата имаат иста мајка, но различни татковци.
Едни родители од Виетнам неодамна ги однеле своите двегодишни близначиња на ДНК тестирање, откривајќи дека децата всушност имаат иста мајка, но различни татковци. Родителите на децата, чии имиња не се откриени, биле присилени од членовите на фамилијата да направат тестирање, со оглед на тоа дека децата не си личеле.
Тамошните медиуми пренесуваат дека едното дете имало густа и малку виткана коса, додека другото имало тенка и права коса.
Ова е прв ваков случај во Виетнам, а со истата ситуација минатата година се соочила една жена од Њу Џерси. Кога мајката го зачнувала плодот од едниот маж, за кој тврдела дека е татко на децата, имала секс во истата недела и со друг маж. Резултатите од тестот откриле дека тој бил татко, но само на едно од децата.
Иако ова е многу ретко, навистина е возможно. Јајце клетката кај жената живее 12 до 48 часа, додека спермата е плодна повеќе дена. Ова го прави возможно две јајце клетки да се оформат од сперма од двајца различни мажи во еден период на овулација.