Либанската невеста Дејна Вули Зајат откако ги поминала сите можни продавници, сфатила дека ќе мора сама да го создаде невестинскиот фустан од соништата. Во соработка со брендот „Еспоса“ таа ја креирала венчаницата за која може секој да и позавиди.
Целиот процес на креирањето и шиењето на венчаницата траел една година, а само за рачното везење на бисерите биле потребни два месеци!
Според конечниот резултат, трудот бил исплатлив. Благодарение на објавените слики на Инстаграм од процесот на изработката на фустанот, Дејна стекнала светска слава, а покрај тоа успеала да биде и една од најубавите невести.