Обичајот за празнување на Петковден е задржан и кај нас.
Невестите кои стапиле во брак оваа година , во сабота, ден пред Петковден заедно со своите свекрви и мајки ги носат свадбените свеќи да догорат. Месат погача за здравје и среќа и носат вино. Во православниет храмови се служи вечерна богослужба во сабота и божествена литургија во недела.
Традиционално е невестите на овој ден да бидат облечени во невестински фустан. Инаку празникот Петковден за многу семејства претставува семејна слава, бидејќи култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.
Канал 8