cunamiПотресот со интензитет од 7,1 степен по Рихтер бил регистриран во сабота во 2 часот и 10 минути по локално време во близина на префектурата Фукушима. Нуклеарната централа „Фукушима 1“, која беше оштетена од земјотресот и цунамито на 11 март 2011 година, не била погодена од денешниот земјотрес.

Земјотресот бил на длабочина од околу 16 километри под морското дно, на 300 километри од јапонското крајбрежје во префектурата Фукушима.

Според новите податоци на Геолошкиот институт на САД земјотресот бил со интензитет од 7,3 степени. Првично центарот информираше дека потресот бил со јачина од 7,6 степени.

Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета.