Невидена бура корнеше дрвја и однесе неколку покриви од куќи и во Дојран. Дури и најстарите жителите не паметат вакво невреме.
Силен град проследен со дожд и ветер ја уништи втората реколта во дојранските ниви. Невремето кое вчера попладне го зафати овој крај, нанаесе огромни штети на посевите на отворено во дојранските села Николиќ, Црничани и Фурка. За само половина час остана пустош во полето, пренесува Канал5.
Од општина Дојран велат дека веднаш е формирана комисија за проценка на штетите и веќе се на терен да ја евидентираат состојбата во поплавените куќи и посеви.
Од вчерашното невреме најпогодено е селото Николиќ, каде засеаните површини се сто проценти уништени.