Невидена срамота – никој не ја испрати Реџепова на гробиштата во Бутел


Легендарната пејачка на народната музика Уснија Реџепова е погребана на гробиштата во Бутел во нејзиниот родно место, Скопје. На последното скромно и тивко опростување, дојдоа само нејзините најблиски нејзиниот брат Решко, снаата Емира, роднини од Скопје, пејачката Есма Реџепова и Васка Јанковска…пишуваат балканските медиуми.

usnija

На последното испраќање Уснија не се појавија нејзините колеги од Македонија, немаше последно збогување, ниту еден единствензбор и реченица како последен позрав. Од официјалните лица на погребот стигна само Неџад Мустафа, министерот без ресор во Владата на Македонија од редовите на Ромската партија.

Уснија е погребана во муслиманскиот дел од скопските гробишта на Бутел, на парцелата каде почиваат нејзините најблиски. Тоа и беше нејзината последна желба. Испратена е скромно, тивко со верски обред, последна молитва.

„Ни остави Уснија аманет да ја памтиме по песните, убавината, радоста, без солзи, чинејќи само добро, мада толку многу прогуравме во животот се до нејзините последни денови и тешко патење“, тивко проговори нејзиниот брат Решко.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1