Невин лежел во затвор 39 години: Сега е на слобода и доби цело богатство


Ветеранот од Виетнамската војна, Крег Кули минал цели 39 години во затвор поради двојно убиство, кое не го направил.

Кули како обештетување за деценискиот престој во затвор доби 21 милион долари. Бил ослободен дури откако биле направени ДНК тестови најдени на местото на злосторството во близина на Лос Анџелес во местото Сами Вали.

Како компензација за времето минато без вина зад решетки му се исплатени 21 милион долари.

Кули во 1978 имал 31 година и се подготвувал да ја раскине врската со Ронда Вичт, самохрана мајка која живеела во Сами Вели. Кога ги нашле нејзе и нејзинот синче задавени во станот, Кули бил првиот осомничен. Сведок го видел него и неговиот камионет пред станот на жената.

Тој бил осуден на доживотна казна затвор без можност за помилување. Но неговиот случај неодамна дојде до рацете на детективот Мајкл Бендер, кој успеал да докаже дека доказите се контрадикторни и дека Кули е невин.

Кули тоа го тврдел 39 години, а во затворот успеал да студира и да се стекне со две дипломи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1