Невин по 39 години пуштен на слобода: Клучниот сведок признал дека лажел!


Американецот Рики Џексон (57) од американската сојузна држава Охајо, невин во затвор поминал 39 години. Единствениот сведок тврдел дека Џексон го убил Харолд Френкс.

Во еден момент му се заканувала и смртна казна, а таквата пресуда ја избегнал само затоа што државата Охајо привремено го суспендирала извршувањето на смртни казни. Џексон бил ослободен од обвинението за убиство откако единствениот сведок признал дека лажел.

Ricky-Jackson

Имено, тој бил обвинет во 1975 година со уште двајца мажи во Кливленд дека го убил колекционерот Харолд Френкс. Бил осуден врз основа на сведочењето на тогаш 12-годишниот Еди Вернон, кој тврдел дека го видел убиството.

Вернон денес има 53 години, а признал дека лажел откако се исповедал во црква, каде што на свештеникот му признал дека за време на убиството, тој всушност бил во училишен автобус, што го потврдиле неколку сведоци.

ohio-slaying-witness-recants

На судијата му рекол дека информациите за случајот ги слушнал од пријатели и полицијата. Освен неговото сведочење, немало други докази дека Рики Џексон го убил колекционерот.

Џексон се расплакал во судницата додека се читала одлуката дека се отфрлени сите обвиненија против него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1