Попладнево Скопје го зафати силно невреме со пороен дожд проследен со град Поради обилните врнежи од дожд дојде до застој во сообраќајот во повеќе делови во градот.
Според УХМР, доцна попладнево и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. И во државата се очекува попладне облачноста да се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.
Екипи на јавните претпријатија на Град Скопје – „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираат штетите од невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Скопје.
Како што соопштуваат од Град Скопје, обилните врнежи дожд ги поплавија подвозникот кај стоковната куќа „Мост, подвозникот на улицата „Павел Шатев“, делови од општината Кисела Вода, подвозникот на булеварот „Киро Глигоров“.
– Во моментов екипите на јавните претпријатија интервенираат на овие локации и тие ќе бидат проодни до 19:00 часот, се вели во соопштението од Град Скопје.
Фото – Утрински Весник