Невреме со силен дожд, ветар и громотевици го подгоди Белград денеска. Поради невремето проблеми и на аеродромот. Според информавиитер поради фактот што е спречено снабдувањето на авионите со гориво на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, неколку летови доцнат.
Летовите на авио-компанијата Air Serbia за Скопје, Софија, Истанбул, Бања Лука, Сараево и Подгорица, како и на авиокомпанијата „Fly Dubai“ за Дубаи, доцнеа, соопштија аеродромските власти.
Авионите на „Lufthansa“ од Франкфурт и Минхен, кои требало да слетаат на аеродромот околу 12.10 часот и во 12.35 часот, биле пренасочени кон Будимпешта, пишува во соопштението.
Заради тоа, доцнеа и летовите од Белград за Атина, Букурешт, Тирана, Солун, Дубровник, Тиват на авиокомпанијата „Air Serbia“, како и летот за Москва на „Аерофлот“.
Снабдувањето со гориво ќе продолжи штом има услови за тоа, стои во соопштението на белградскиот аеродром.