Невреме во Белград – доцнат авиони


Невреме со силен дожд, ветар и громотевици го подгоди Белград денеска. Поради невремето проблеми и на аеродромот. Според информавиитер поради фактот што е спречено снабдувањето на авионите со гориво на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, неколку летови доцнат.aerodrombelgrad

Летовите на авио-компанијата Air Serbia за Скопје, Софија, Истанбул, Бања Лука, Сараево и Подгорица, како и на авиокомпанијата „Fly Dubai“ за Дубаи, доцнеа, соопштија аеродромските власти.

Авионите на „Lufthansa“ од Франкфурт и Минхен, кои требало да слетаат на аеродромот околу 12.10 часот и во 12.35 часот, биле пренасочени кон Будимпешта, пишува во соопштението.

Заради тоа, доцнеа и летовите од Белград за Атина, Букурешт, Тирана, Солун, Дубровник, Тиват на авиокомпанијата „Air Serbia“, како и летот за Москва на „Аерофлот“.

Снабдувањето со гориво ќе продолжи штом има услови за тоа, стои во соопштението на белградскиот аеродром.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1