Невреме во Куманово – откорнат кров од зграда


Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, ситен град на одредени локации, електрични празнења и силен ветер, што попладнево го зафати Куманово предизивика проблеми во централното градско подрачје, јави МИА.nevreme dozd2

Лимен кров од зграда, лоцирана спроти основото училиште „Браќа Миладиновци“, паднал врз паркиран автомобил „рено меган“, а ја турнал и заштитната ограда на училиштето. Нема повредени при овој несреќен случај. Станарите од зградата и сопственикот на автомобилот повикале полиција која ја блокираше улицата за сообраќај.

Невремето во кумановско започна околу 16.15 часот и траеше половина час. На неколку локации во Куманово силниот ветер откорнал и гранки од дрва.

Од ТППЕ Куманово информираат дека интервенирале на поплавени подрумски простории на улицата „Киро Фетак“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1