Силно невреме кое го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи, се смири. Полавените површини од градскиот плоштад и улиците веќе се санирани. Ветрот донесе облаци, кои за брзо време почнаа силен дожд и грмежи.
Во центарот на градот во тек е фестивалот „Пивофест 2016“, На програмата денеска е Каролина Гочева и Хари Мата Хари.
Екипите на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ вредно работат на отстранување на водата и чистење на теренот.
Фестивалот на пивото и скарата ќе продолжи со истиот континуитет. Вечерва на жешката сцена ќе настапат: Самостојни Референти, Kаролина Гочева, Xари Mата Хари и Bang La Decks.