Невремето го поплави и Тетово


Тетово денес го зафати пороен дожд кој предизвика поплави на централните улици на градот и го отежна движењето на автомобилите и пешаците. Дел од булеварот Благоја Тоска денес беше целосно поплавен. Најкритична точки беа крстосниците кај касарната и кај Зелениот пазар во Тетово, јавува ТВ Кисс.

Poplavi tetovoАвтомобилите пливаа во вода поради високото ниво на вода по улиците, па мораа да возат со намалена брзина, внимавајќи и на луѓето по улиците. Поројните дождови им создадоа тешкотии и на пешаците. И тие беа оневозможени навреме да стигнат до саканата дестинација, мака мачеа и да поминат на другата страна.

Всушност ваква е состојбата во Тетово после секој пороен дожд. Најкритична беше ситуацијата во источниот дел на градот. Таму од неколку шахти се одлеваа и фекалии. Сообраќајот целосно се парализира а пешаците ретко се осудуваа да излезат од дома.

Од Општина Тетово, најавуваа дека проблемот ќе се надмине. Преку ИПА програмата, за Тетово се одвоени 14 милиони евра за целосно реконструкција и довршување на канализационата мрежа и системот за атмосферските води.

Инаку и утре не очекува слично време како денешното. Облачно со врнежи од дожд кои се очекува понекаде да бидат поинтензивни, па локално можно е да наврнат и до 30 литри дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1