Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, ветрот корнел гранки и дрвја.
За среќа нема повредени во бесото невреме.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.
„Невреме со силен дожд и ветер го зафати село Крани и автокампот, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село“, информираат од Центарот за управување со кризи, пренесе СДК.МК.