Топол ветер кој ја зафати Австрија предизвика пораст на температурите на воздухот што не биле забележани во овој период од годината. во покраината Форарлберг биле измерени 19 степени Целзиусови
Во престолнината на земјата Виена се очекува денеска температурата да достигне 20 степени, а во планинските делови на Тирол, односно Салцбург температурата би можела да достигне до 23 степени.
Топлото време ќе биде проследено и со силни ветрови кои на некои места ќе достигнат и до 170 километри на час.