Човек осомничен дека си убил петмина деца во Јужна Каролина и притоа со часови возел до руралното подрачје во Алабама каде што ги фрлил телата во кесиња за ѓубре, е уапсен, соопшти денеска американската полиција.
Тимоти Реј Џонс (32) е обвинет за запоставување на децата и полицијата очекува покренување на обвиненија во врска со смртта на децата, кои се пронајдени мртви покрај автопат недалеку од Камден во Алабама, пренесува агенцијата АП.
Децата биле на возраст од една до осум години, а нивното исчезнување го пријавила мајката на 3 септември.
Џонс имал заедничко старателство над децата со нивната мајка, од која е разведен.