Ќе паѓаат цените на становите во Аеродром, Карпош и Чаир


Ќе паѓаат цените на становите во Карпош, Аеродром и Чаир – стои во полугодишната анализа за недвижностите во Скопје на консултантската компанија ФОРТОН Македонија. Во овие три општини има најголем број на непродадени станови, што врши притисок врз цените надолу. Притоа цената на метар квадратен најмногу ќе паѓа во Аеродром, бидејќи најголем дел од станбените проекти во изградба се наоѓаат токму во оваа општина.
stan 3233
Инаку во првите 6 месеци продолжил трендот на забрзана изградба на станбени објекти и пад на цените. Биле изградени нови 3077 станови од кои во моментот на завршување биле продадени 47% од нив, што е за 5 отсто помалку отколку во втората половина на 2013-та година. Цените на становите пак биле пониски за 2.4%. Ограничената продажба на станови, според ФОРТОН е резултат на огромниот јаз меѓу понудата и побарувачката на кој најголемо влијание има се уште присутната аверзија кон инвестирање во недвижности, како и строгите критериуми на банките што даваат кредити.
ФОРТОН очекува поголем пад на цените на канцеларискиот простор. Оние на просечните  локации би требало да се намалат од 5 до 7 отсто, додека цените на најатрактивните места да паднат за 2 до 5%. Позабележителен пад на цените се очекува во ГТЦ, каде се уште е тешко да се издадат локалите . Во првата половина од годинава компаниите биле повеќе заинтересирани за закуп на деловен простор, особено оние од ИТ секторот. Затоа слободните канцеларии во објектите од највисока „А“ класа моментално се намалени за 10%, а до крајот на годината треба да паднат на 7.4 отсто.stan pari kukja
Сегашните цени на премиум локации се движат од 11 до 14 и пол евра, а во внатрешноста на градот од 8 до 11 евра. Бизнис центарот „Хипериум“ има највисока цена, што е за 30 отсто поголема отколку во слични објекти во околината.  Притоа се забележува раст на понудата на простор за малопродажба, па така постепено се стеснуваат квадратните метри што можат да се закупат во Веро и Капитол Мол. Кириите се највисоки во трговските центри околу 40 евра по квадрат и на улица Македонија – околу 30 евра.
На пазарот на хотели нема позначајни промени. Нивната просечна исполнетост е 44 отсто, наспроти 70% во другите европски градови. 11-те хотели од висока категорија имаат просечни цени од 121 евро по соба на ден. Во првите 6 месеци сите хотели во просек наплатиле 58 евра по соба. Изградбата на хотелите „Мериот“ и „Хилтон“ треба да ја зголеми понудата за нови 340 соби.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1