Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, денес 02.04.2019 оствари средба со Премиерот на Република Грција господин Алексис Ципрас.
На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат.
Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ.