Незнаат колку пари имаат, а крадат по продавници


Бритни Спирс, Винона Рајдер, Меган Фокс, Линдзи Лохан… се само дел од светски познатите дами кои имаат пари во изобилство и можат да си дозволат се, но патат од клептоманска болест. Нивните лепливи” прсти во повеќе наврати имаат украдено по неколку парчиња облека, накит и модни додатоци…

Меган Фокс
Додека била тинејџерка Меган Фокс во една стоковна куќа во Флорида украла сјај за уста кој вредел 7 долари. Поради тоа таа има доживотна забрана за влез во стоковната куќа.

slavni lopoviФара Фосит
Актерката досега два пати е фатена како краде облека. Продавачите веднаш повикале полиција, а актерката во изјавата открила дека сакала да ја врати облеката бидејќи не и прилегала и да ја замени со други парчиња и дека немала намера да украде ништо.

Линдзи Лохан
Проблематичната актерка навистина има лепливи” прсти. Во февруари 2011 година таа беше осудена на 480 часа друштвена работа и 120 дена затвор откако украде накит вреден 2.000 долари. Во 2008 година беше обвинета дека украла крзнена јакна од 11 илјади долари, во 2010 година часовник од 35 илјади долари, а во август минатата година неколку пара очила за сонце во вредност од 100 илјади долари.

Винона Рајдер

Актерката во 2011 година ја фатија во трговски центар во Беверли Хилс, каде што пробала да украде чанта во вредност од 5 илјади долари. Од продавницата пробала да избега, но камерите ја забележале, а откако го пријавиле случајот во полиција, Винона била приведена. Таа беше осудена на 480 часа друштвена работа и доби три години условна казна.

Бритни Спирс
На пејачката во повеќе наврати и се има случено да заборави” да плати неколку парчиња облека. Па, така, во еден бутик зела маица вредна 200 долари, на бензинска станица има украдено запалка, додека, пак, во секс шоп перика, која ја ставила на главата и истрчала од продавницата, надевајќи се дека нема да ја препознаат.

Кеша
Кон крајот на 2009 година пејачката во Германија одлучила малку да копа по контејнерите во кои се остава облека за Црвен крст. Таа ги извадила сите парчиња, го зела она што и се допаѓа, а останатото го вратила во контејнерот, притоа однесувајќи се дека прави нешто сосема нормално и не обрнувајќи внимание на погледите од луѓето кои биле околу неа.

Џенифер Капријати
Таа своевремено беше една од најдобрите тенисерки во светот. И покрај тоа што финансиски е добро ситуирана, во 1993 година Џенифер на Флорида пробала да украде неколку прстени од една продавница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1