По 15 години се откри вистинската причина: Зошто Клинтон ја бомбардираше Србија!?


Соработничката на Клинтон, Мињон Мур, го советувала во 1998 година дека со скандалот поради прељубата му опаднал угледот во светот и во земјата. “Њујорк тајмс”, наведува дека идејата била нејзина, Клинтон да се повика на Бога и на тој начин да ги поддржи своите политички идеи. Набрзо по ова Клинтон ја бомбардирал Србија, а таа акција НАТО ја нарекува “Милосрден ангел”

monika-levinski-bil-klinton-1328585176-75146Поранешниот американски претседател Бил Клинтон наредил бомбардирање на Србија во 1999 година со цел да го реши скандалот кој се појави во САД откако во 1998 година се обелодени неговата љубовна афера со младата практикантка во Белата куќа, Моника Левински, пишува американскиот весник “Њујорк тајмс”.

Од петокот, Националната архива на САД почна да ги обелоденува оние 2.500 (некогаш) доверливи документи на американската администрација во кои се најде и меморандумот на Клинтон и некогашната негова советничка Мињон Мур. Во него таа го предупредува лидерот дека под итно треба да ја врати довербата на јавноста, дејствувајќи на различни области, што подразбира и соборување на некогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, а притоа да се повика на сите можни сили.

359DA99B3A610D41948022DA195DF78D

Обелоденувањето на документите, исто така ги потврди претходните шпекулации дека Клинтон парично ја помагал опозицијата во Србија. Се испостави дека тој во јули 1999, на самитот за Пакт за стабилност на Југоисточна Европа се обврзал дека ќе даде дури 12 милиони долари на политички партии, синдикати, студентски здруженија како и невладини организации и на независните медиуми, чија главна цел била да работат на соборување на Милошевиќ.

godisnjica-nato-bombardovanje-jugoslavije-1395620873-467429Проектот наречен “Прстен околу Србија”, исто така подразбира и распоредување на мрежа на радиопредаватели во соседните земји на Србија за во неа да се намали влијанието на државните медиуми и слободно да се шират информации од Западот.

Се покажува дека во сето ова посебно значајна улога имала и Хрватска. Всушност, американските претставници биле во контакт со тогашниот заменик-министер за телекомуникации на Хрватска, Доминик Филиповиќ. На тој начин ХРТ им ја отстапиле на Американците својата предавател-кула во Бељ, Славонија за емитување на програми насочени против Милошевиќ и режимот во Белград.

Инаку, Клинтон со различни акции, вклучувајќи го и бомбардирањето на Србија, односно воведување на демократија во неа, како што ги бранеше своите постапки, ја поврати довербата на Американците откако љубовната афера за малку ќе го отстранеше од власт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1