Ни ноќеска лидерите не се договориле – ќе се преговара со секој лидер одделно


Лидерската средба која се одржа ноќеска заврши без конечен договор, но договорено е посредникот Питер Ванхауте првин да преговара со секој лидер одделно, по што би закажал средба со лидерите на четирите партии потписнички на договорот од Пржино.

Средбата, којашто започна на полноќ траеше два часа, по што лидерите на  ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПМНЕ Мендух Тачи не дадоа изјава за медиумите.gruevski zaev ahmeti taci

Единствено изјава даде Ванхауте кој најави дека разговорите продолжуваат уште во текот на денот и во наредните денови на билатерално ниво.

„Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката“, рече Ванхауте.

На средбата биле отворени темите за специјалниот јавен обвинител, изборот и надлежностите на министри и нивни заменици, законот за бомбите и законот за зашти на на свиркачите.

Пред лидерската средба, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со претставници на дипломатскиот кор, на која присуствуваа амбасадорите на ЕУ, на Германија, Холандија, Италија и  заменик амбасадорот на САД во Македонија .

Според владината прес служба, на средбата се разговарало за политичката состојба во државата во насока на имплементација на Договорот од јуни/јули.

Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1