Ни ВМРО ни СДСМ: Само еден Македонец можеше да собере повеќе луѓе од двата собири!


Очигледно состојбата почнува да губи контрола. Од ден на ден живееме тонејќи се повеќе до дното. Бидејќи некој така сака, да си игра, да се мајтапи, да замајува очи, тоа му е работа додека трупа милиони во вреќи.

Поминаа митинзите и сега на ред е да се докажуваме каде имаше повеќе луѓе, дали на СДСМ во недела или на ВМРО вчера.protesti 34

Цело утро приврзаниците на едната и другата партија (ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ) низ социјалните мрежи „очи си вадат“ која партија повеќе луѓе извадила на улица, дали Груевски или Заев.

Ќе ве разочарам. Можете само да се залажувате. Ни едните ни другите не извадивте толку колку што можеше да извади ТОШЕ . Нашиот Тоше Проески. Само тој умееше да не обедини сите под едно небо, само тој успеа да ја собере цела Македонија на едно место на неговите концерти .tose-300x300

Само тој не правеше поделби како вие што правите. А за разлика од вас беше хуман. Правеше добри дела. И додека вие трошите високи суми пари за да донесете граѓани од цела Македонија, трошите финансии за џабе, тој ги даруваше на оние на кои им беа потребни.tose proseski

За да избегате за миг од политиката „бидејќи нема друго побитно очигледно во овој момент“ , потсетете се на концертот на Тоше и уживајте во убавите моменти кои тој од срце им ги даруваше на сите , без разлика на вера и партија.

ZaSe.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1