ИД егзeкутирала новинар бидејќи одбил да и се заколне на верност


Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД), егезкутирале еден локален новинар во ирачкиот град Мосул, затоа што одбил да им се заколне на верност, јави ТАСС, повикувајќи се на информација на иранската телевизија Прес ТВ.

Џихадистите го убиле познатиот телевизиски новинар Фарас ал Бахри, кого го заробиле пред три недели.

egzekucija teroristi

Тие прво побарале од Бахри да им се заколне на верност, но бидејќи тој одбил да го стори тоа, го егзекутирале.

Лани во октомври, ИД објави дека сите новинари што живеат на териториите под нејзина контрола треба да положат заклетва на верност на групата.

Претседателот на Сојузот на новинарите од Мосул, Акрам Сулејман во изјава за Прес ТВ вели дека припаднците на ИД досега убиле седуммина новинари од градот, а уште десет други држат на непозната локација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1