Ни во Швајцарија не тече мед и млеко – 12 % немале пристоен живот


Швајцарија е земја во која 11,8 проценти од вработените не земаат плата за пристоен живот, а меѓу нив најголем број се жени се наведува во ивештајот на Универзитетот во Женева. Речиси секој десетти маж зема под 4000 франци, додека жените во просек заработуваат по 630 франци помалку од мажите.

svajcarijaБројот на вработените со целосно работно време со месечни примања пониски од 3986 франци изнесува 437,000 лица.  Претставниците на синдикатите велат дека околу 500.000 лица земаат плата помала од 4000 франци, за разлика од заводот за статистика кој навести дека оваа бројка изнесува 368.000 не сметајќи ги оние во земјоделскиот сектор, ниту оние кои работат како домашни помошници. 

Нееднаквоста во платите е исто така видлива во оваа земја, бидејќи ниската плата им припаѓа на 15,8 проценти од жените, а 6,1 процент на мажите.

Меѓу вработените кои имаат ниски приходи, 40 проценти се со високо образованиe. Во Швајцарија за нормален живот на една единка и се потребни околу 4.500 франци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1