Нигериецот Опејеми Еноч ја реши Рајмановата хипотеза, еден од најголемите математички проблеми на сите времиња. Тој подвиг му донесе награда од милион долари.
Рајмановата хипотеза во 1859 година ја постави математичарот Бернард Рајман, а се работи за дистрибуција на прости броеви. Според оваа хипотеза сите решенија на равнеката ζ (s) = 0, лежат на одредена вертикална права линија, што досега никој не успеал да го докаже тоа.
Институтот за математика Клеј од САД понуди награда од милион долари на секој кој ќе го реши проблемот. Др. Еноч, кој предава на Федералниот Универзитет Оје Екити во Нигерија, рече дека најголема мотивација му биле неговите студенти.
– Довербата на моите студенти дека јас тоа можам да го направам беше моја најголема мотивација. Парите кои ги добив не се важни, рече Еноч.
Својот труд го претстави на 11 ноември во текот на Меѓународната конференција по математика и информатика одржана во Виена. Голем број учесници на Конференцијата го поздравија фактот дека Еноч успеа да го реши проблемот и покрај сите тешкотии и технички недостатоци со кој се соочил во Нигерија.
Сепак, како што рече, најмногу критики стигнаа од неговата земја.
– Многумина се прашуваа како моето откритие ќе стави храна на чиниите на Нигеријците, рече Еноч.