Прокисна Драмскиот театар во Скопје откако вчера главниот град беше мета на повеќечасовни дождови .
Токму директорот на театарот Сашо Тасевски јави за поплавата а како доказ објави и видео.
„Не Дунав, доаѓа Нијагра.“ – со овие зборови директорот на драмскиот театар Сашо Тасевски во видео преку социјалната мрежа Фејсбук, ја долови состојбата во просторите на театарот
Вечерва на Секс дрога рокенрол… и поплава во Драмски… Течеше секаде… Сепак претставата ја одиграв… На крај дојдоа нуркачи и не извлекоа некако. Во женскиот тоалет се играше лебедово езеро. Публиката презадоволна, напиша Тасевски.