Ник Вујичиќ: Пуштете го Сашко да се брани од слобода


Ник Вујичиќ, еден од најпознатите светски говорници, апелира Сашко Богески, човекот кој е во притвор под сомнение дека во својот стан во Белград го убил провалникот Владимир Маниќ.
„Сашко е голем човек со добро срце. Секојдневно духовно се молам за него и неговото семејство. Се молам и за човекот кој се обидел да го ограби, па настрада. Барам да го пуштите Сашко од притвор“, вели Вујичиќ.
Nik-Vujicic-Sasko-BogevskiТој наведува дека Сашко го запознал во 2007 година кога прв пат неформално го посетил Белград. Од тогаш се во постојан контакт и му помогнал во организација на посетата на Србија во 2012 година кога одржал три големи говори.
Потписниците на он лајн петиција  на сајтот peticija24.com го собориле светскиот рекорд во собирање на потписи за ослободувањето на Богески кој со нож го усмртил провалникот, против кого полицијата досега поднела кривична за повеќе од 50 поединечни кривични дела.
Во јавноста поради овој случај била покрената јавна дебата, а поддршката за Богески, покрај десетина илјади лица, пружиле и голем број политичари и политички партии. Најавено е потпишување на петиција во сите градови во Србија.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1