Македонците спаѓаат во категоријата пациенти кои често и на своја рака сами се лекуваат со антибиотици.
Загрижени сме затоа што реалност е дека во нашата држава си купуваме антибиотици на своја рака, без да одиме на лекар. Тоа може сериозно да го наруши нашето здравје, затоа што, користење на антибиотици кога тоа не е потребно, прави тие да не делуваат, односно не прави резистентни. Знаеме, дека времето потребно да се направи еден антибиотик од понова генерација, на кој не сме се уште резистентни, изнесува најмалку една деценија. Додека, пиењето антибиотици кога не е потребно, ќе направи за само еден месец веќе да не ни делуваат. Имено, организмот станува резистентен. Ако вака продолжиме, прашувам, како ќе ги лекуваме идните генерации. Дали ќе имаме лек за нашите поколенија? изјавија од Фондот за здравство.
Фондот ќе преземе сет на мерки за рационална употреба на антибиотиците и за тоа наскоро јавноста дополнително ќе ја информираат.