НИКАКО слики од децата на Фејс – Киднаперите, девојчето во Србија го нашле на Фејс


Тројцата киднапери на малата Маша во Србија, за среќа се фатени, но тоа што загрижува и што би требало да ги предупреди родителите е начинот на кој тие луѓе дошле до податоците на детето.

Тројцата киднапери, кои сакаа да изнесат двегодишно девојче надвор од Србија, истото го пронашле на Facebook, поточно од профилот на нејзиниот татко. Пред неколку дена тие го грабнаа девојчето од рацете на мајката и се обидоа да го изнесат надвор од земјата, но благодарение на брзата реакција на мајката и полицијата, нивната намера беше спречена.masa-kidnaperiii

Сите информации за девојчето киднаперите ги добиле од Facebook. Профилот на таткото, Дамир Пренковиќ, бил отворен и на него се наоѓале фотографии од девојчето, како и податоци од семејството. Нивната намера била да го киднапираат девојчето кое личи на ќерката на една од грабнувачките, која по судски пат се бори за старателство на нејзината ќерка.

Според Телеграф, киднаперите користеле софтвер за препознавање лица и така го пронашле девојчето кое неверојатно личи со ќерката на Французинката. Пребарувањето е многу едноставно, се користи фотографија со која потоа се прикажуваат резултати кои се најмногу слични на неа.

Изборот на киднаперите била малечката Маша од Србија, а преку Facebook дознале каде живее, кои и се родители и сè што сакаат да знаат за детето.dete

Како што пишува српски Телеграф, двегодишното девојче било киднапирано за да ја искористат за добивање на старателство над речиси идентично дете кое живеело во Франција, а чија мајка била една од киднаперите од BMW. Само благодарение на неверојатната акција на белградската полиција, лудиот план на киднаперите бил спречен.

-Француската полиција упаднала во станот на киднаперите и пронашла дете идентично на двегодишната Маша П.“, рекол соговорникот за српски Телеграф и додал: „Се работи за ќерка на една од киднаперите. Тројцата киднапери кои биле уапсени се од исто семејство. Сандрин Горен (40) и нејзиниот сопруг Мишел Себастијан (46) во Србија се упатиле заедно со нивната ќерка Кристел Еје (26) со намера да го киднапираат девојчето кое неверојатно личи на ќерката од Кристел“.Otmica-dete-hapsenje-otac-majka-mesto-nesrece1111-620x350

-Имено, Кристел Еје во Франција е во големи семејни проблеми. Нејзиниот сопруг во бракоразводна парница се обидел да и го одземе детето и да добие исклучиво старателство. Во желбата да докаже дека тој не е биолошкиот татко, семејството киднапери направиле пеколен план: преку интернет пронашле девојче кое неверојатно личи на ќерката од Кристел и одлучиле да ја киднапираат, со пасошот од нивното дете да ја извадат од земјата, да ја одведат во Франција, да направат ДНК тест и така да „докажат“ дека таткото на француското дете не е вистинскиот, биолошки татко и на тој начин тој да го изгуби правото на старателство, а детето да и` припадне на мајката“, рекол изворот, пренесува српски Телеграф.

Сепак, за среќа планот не им успеал благодарение на полицијата, а понатамошната истрага ќе утврди што планирале да направат со Маша после оваа налудничава акција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1