Никој не ги слуша граѓаните – се повеќе заболени од рак – Фени нека работи, но не да ги труе нашите деца (Видео)


Жителите на Кавадарци никој не ги слуша – иако гласно зборуваат во последните неколку недели – нивните апели да се зачува нивното здравје нема кој да ги чуе.

1291515_568733479829980_284327734_nСпоред кажаното на заедничката седница со граѓаните која се одржа по барање на  Фени индустри, за зголемување на процентот на отпадна гума од 15% на 25% за гориво во технолошкиот процес на Фени индустри, граѓаните јасно им порачаа работете но не по цена на здравјето на нашите деца.

„Не сакаме да се затвори Фени – сакаме да работи но да работи и да ја чува животната средина и здравјето на нашите деца , а не да не труе во име на бизнисот – велат револтирани граѓаните.

feni

Стравот го поткрепуваат со фактот што доколку се зголеми употребата на отпадна гума тоа ќе го загади градот а и ќе влијае на здравјето.

филтерот тврдат не ја задржува отпадната гума – која е составена од 20 отровни хемикалии како жива, цинк, бакар

Во прилог на ова оди и статистиката за овој град – во 2003 231 лице заболело од некој вид на рак но оваа бројка рапидно е зголемена последните години.

Во 2011 се искачила на 981 а во 2012 речиси дупло – 1400 заболени од кои 76 деца.

Еве што велат граѓаните и советниците на Кавадарци

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1