Никој не им кажува на трудниците треба или не да земаат Јод таблети – наскоро ќе се знаело


Дали сите трудници и доилки во земјата ќе треба дополнително да земаат јод или за тоа прво ќе се прави скрининг, ќе се знае наскоро. Последната студија на 200 бремени жени покажала дека третина од нив имаат несоодветно внесување јод во првите три месеци, 37 отсто во второто тримесечје, а на 39 отсто од нив им недостига јод во последните три месеци од бременоста, пишува Дневник.

bremenost2 Јодот недостига и во мајчиното млеко, според студија на УНИЦЕФ – дури 64 отсто од доилките во првите шест месеци при доењето на бебето имаат недостиг од овој важен елемент во млекото – оценија стручњаците од Kомитетот за јоден дефицит на вчерашниот состанок.

Од Министерството за здравство побараа мислење од Светската здравствена организација дали и во други земји трудниците земаат дополнително јод, како и дали сите трудници од земјата, а ги има околу 25.000 годишно, ќе треба да се испитаат пред да им бидат советувани таблети со јод, наменети за бремени жени, кои сега ги нема во аптеките.

Според стручњаците, трудниците и доилките треба да внесуваат дополнително по 200 микрограми јод на ден.

Претседателот на Kомитетот, д-р Борислав Kаранфилски, укажа дека јодот е неопходен за правилниот невролошки развој, а дека неговиот недостиг влијае врз намалување на интелигенцијата кај детето.

– Некои од нашите жени раѓаат деца со помала интелигенција, на пример, детето има 90 поени, а можело да се роди со интелигенција од 100 поени! – укажа д-р Kаранфилски.

Со редовните контроли на јодот во првата година од животот на детето, лекарите откриваат осум или девет деца годишно, кои имаат помалку тироксин поради недоволно внесување на јодот, но веднаш им се дава терапија. Гинеколозите изјавија дека ќе подржат акција што е во интерес на здравјето на бремената жена и на доилката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1