Градоначaлникот на Кичево, Фатмир Дехари вели дека не знае, кој ги постаува 20 метарските јарболи на кои се веат албански знамиња на патот од Кичево кон Зајас, обjaвува Дневник.
– Од каде ти е таа информација дека има нови јарболи со албански знамиња. Да не работиш во УБK? Од неодамна сум градоначалник и немам информација кој ги поставил“ – нервозно изјавил Дехари за Дневник.
Останува „мистерија“ како никнаа 20 метарските јарболи со албански знамиња во општината која ја води Дехари .