Поранешниот премиер кој доби политички азил во Унгарија, Никола Груевски преку Фејсбук информираше дека неговата книга е готова и дека ќе биде достапна на годинешното издание на Саемот на книгата.
Книгата е со наслов „Искуство за иднина“, а е во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“. Таа е всушност неговиот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“, напиша Груевски на Фејсбук.