Николиќ: Нема повеќе отстапки за Албанците на Косово


Она што го прават Албанците на Косово со рударскиот комбинат Трепча и со Телеком е грабеж, узурпирање. Со тоа не се согласуваме, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ за весникот „Блиц“.

Николиќ смета дека е достигната „црвената линија“, поради што властите во Приштина, но и ЕУ, треба да испратат јасна порака.tomislav_nikolic_790

– Веќе премногу им отстапивме на косовските Албанци. Некаде мора да се стави граница. Затоа не смееме да правиме отстапки кога станува збор за продажба на Трепча, ниту за имотот на Телеком, истакна шефот на српската држава.

Тој нагласи дека Србија не треба да се согласи на условување, „доколку Брисел тоа навистина го постави како услов за продолжување на преговорите“.

Српската Влада испрати писмо во Брисел во кое се објаснети сите штетни последици од одлуката на косовскиот Парламент во врска со Трепча. Тоа е првиот чекор, кој е направен во рамки на употребата на сите правни, политички средства и демократски, парламентарни и вонпарламентарни методи на борба, со цел Србија да ја заштити својата сопственост на Косово, пишува весникот „Политика“.

Владата во Белград денеска ќе одржи седница на која се очекува државното раководство да заземе позиција за дејствувањето на земјата во случајот со Трепча и договорот за телекомуникациите, по што премиерот Александар Вучиќ ќе одржи прес-конференција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1