Николоски и Спасовски негираат дека ќе седнат во премиерска фотеља, Милошоски нема коментар за шеф на МВР


Ниту потврда ниту демант од министерот за внатрешни работи дека ќе ја наследи премиерската фотеља на Заев во техничката Влада по Нова Година, јавува Сител

Покрај Спасовски, во медиумите се вртеше и името на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски но и тој денеска како и премиерот Заев во изјава за медиумите вели дека тоа се шпекулации и дека оваа одлука на дневен ред на Бихаќка ќе дојде во декември.

Сепак, партиски извори брифираат дека токму овие две имиња се најсериозни кандидати за наследник на Заев, а меѓу нив, Спасовски има предност, особено ако се знае дека неговото министерство за внатрешни работи во техничката Влада ќе го води кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Таму пак, опозицијата според неофицијални информации го подготвува Антонио Милошоски. Сител го контактираше екс шефот на дипломатијата а тој само кратко одговори дека нема никаков коментар.

Сител.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1