Тенка е линијата на отпорот која би можела да ги издржи сите нив заедно, а притоа да не страда човековиот организам.
Честопати луѓето се соочуваат со повеќето од нив, а некои се соочуваат со сите одеднаш при што после извесен период станува очигледно дека тенка е линијата на отпорот која би можела да ги издржи сите нив заедно, а притоа да не страда човековиот организам, пишува Доктори.мк.
Хипертензијата чија вистинска причина не е позната е релативно честа во популацијата на дијабетичари од проста причина што кај дијабетичарите доаѓа до оштетување на ситните крвни садови во бубрегот што води до лоша контрола на балансот на течности и стимулира лачење на хормон ренин кој предизвикува зголемување на крвниот притисок .
Високиот крвен притисок пак ќе претставува значаен физички стресот врз крвните садови, додека никотинот од цигарите ќе биде најсилниот хемиски стресор кој заедно со хипертензијата предизвикува делетриозни ефекти врз структурата на крвните садови и снабдувањето на ткивата со крв.
Никотинот има вазоконстрикторен ефект односно го стимулира стегањето на крвните садови со што го отежнува протокот на крвта низ крвните садови, а истовремено го зголемува и крвниот притисок. Внатрешноста на крвниот сад трпи сериозна повреда при што се зголемува ризикот за наталожување на холестеролски наслаги што го потенцира процесот на создавање на артериосклеротични промени на крвниот сад.
Стресот пак претставува психолошки феномен кој подразбира биолошка реакција на стресогениот фактор пратена со надразнување на хипоталамусот и ослободување на огромно количество на стрес ормони и тоа адренокортикотропен хормон, кортизол, адреналин и норадреналин. Овие хормони му помагаат на организмот да се справи со моменталниот стресор, но доколку постои долготрајна изложеност на стрес која е пратена со постојано ослободување на овие хормони постои висок ризик за заболвање од хипертензија или дијабет.
Тоа се објаснува со фактот дека адреналинот и норадреналинот имаат вазоконстрикторен ефект на крвните садови и ја забрзуваат срцевата активност со што сериозно расте и крвниот притисок.Кортизолот пак претставува хормон кој преку низа на метаболни процеси ја зголемува концентрацијата на глукозата во крвта и истовремено води кон задршка на течности.Сето ова претставува фина основа за развој на дијабет и хипертензија.
Дијабетот ја потенцира артериосклерозата, дебелината го оптоварува срцето и е пратена со високи масти во кврта кои дефинитивно го поддржуваат процесот на артериосклерозата што пак го отежнува нормалниот проток на крвта која течејќи турбулентно прави дополнителен стрес врз крвните садови, но истовремено ја зголемува склоноста кон формирање на тромби.Веќе формираната аретиосклеротична плака трпи физички стрес од турбулентниот ток на крвта и од зголемениот крвен притисок кој пак на долги стази ги трауматизира крвните садови предизвикувајќи трајни промени во нивната структура пратени со задебелување на ѕидот и губење на нивниот еластицитет што е уште една причина плус да бидат помалку отпорни од физичкиот стрес што го трпат од турбулентниот ток на крвта.
Сите овие заедно се надополнуваат и на интересен начин го затвораат магичниот круг кои неминовно води до васкуларни инциденти односно до јавување на миокарден инфаркт, мозочен удар или пак тромбозирање на некоја од периферните артерии на екстремитетите што може да резултира со загуба на екстремитетот.
Повеќе на – Доктори.мк