Нилски коњ во поплавено село во Црна Гора (Видео)


Никица, женка од нилски коњ тешка два тони слободно талка во поплавеното село Бериславиќ во Црна Гора. Никица Пејовиќ, сопственик на приватната Зоолошка градина морал да го пушти од кафезот бидејќи овој дел од Црна Гора е поплавен, пишува српски „Телеграф“.

nilski kon poplava
Пејовиќ вели дека животното е безопасно. Инаку ова не е првпат Никица да се најде слободна надвор од зоолошката градина.

Таа во 2010 година, кога овој дел бил загрозен од поплави истотака го напуштила својот дом. Нилските коњи, по слоновите и белите носорози се третиот најголем вид на животни на копно.

Може да достигнат тежина до три тони, тие се тревопасни и се сметаат за исклучително опасни животни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1