Нимиц доаѓа во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари


Посредникот во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, ќе допатува во регионот на 8 јануари. 
greece_fyrom_flags26Најавено е дека Нимиц во Атина и во Скопје ќе има средби со високи претставници на Владите на двете земји, со цел да се забрза процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на спорот за името.
Според најавата од службата за односи со јавноста на Обединетите нации, посетата ќе биде надополнување на разговорите кои Нимиц ги имаше со двајцата посредници за решавање на спорот, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во Њујорк во ноември.
Нимиц во септември во Њујорк, за време на Генералното собрание на Обединетите нации, имаше средби и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос, кои се сретнаа и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1