Нимиц нема нов предлог за името!


Обе­ди­не­ти­те на­ции кра­тко и ед­но­став­но де­ман­ти­раа де­ка Ни­миц има ка­ков и да е нов пред­лог за име­то. При­ка­ска­та ја поч­наа Гр­ци­те. Се­ри­оз­но се на­до­вр­заа ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми, ли­фе­ру­ваа кон­кре­тен пред­лог, кој се по­ка­жа ка­ко ла­га. „Не­за­вис­на“ и нед­вос­мис­ле­на по­мош во оби­дот за ури­ва­ње на ими­џот на вла­ста, но ка­ко да за­бо­ра­ви­ја де­ка со ова ѝ од­ма­га­ат и на Ма­ке­до­ни­ја. Или, се­пак, не за­бо­ра­ви­ја.

metju nimicАм­ба­са­до­рот Ни­миц им не­ма да­де­но нов пред­лог на ин­вол­ви­ра­ни­те стра­ни. Од ам­ба­са­до­рот Ни­миц не­ма да има ни­ка­ков ко­мен­тар за шпе­ку­ла­ци­и­те и за на­та­мош­ни­те ди­ску­сии – ова бе­ше кра­тки­от и ја­сен од­го­вор на Хак Фар­хан, порт­па­ро­лот во се­ди­ште­то на ООН во Њу­јорк, еден од трој­ца­та што се обра­ќа­ат во име на по­сред­ни­кот. Пра­ша­ње­то на „Ре­пуб­ли­ка“ бе­ше ед­но­став­но, да­ли но­ви­от пред­лог на Ни­миц е „Ре­пуб­ли­ка Гор­на Ма­ке­до­ни­ја“, со „ма­ке­дон­ски“ за ја­зи­кот и „гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Гор­на Ма­ке­до­ни­ја“ за на­ци­о­нал­но­ста? Спо­ред во­ста­но­ве­ни­от про­то­кол, пра­ша­ње­то пре­ку Фар­хан до­а­ѓа до Мет­ју Ни­миц, ка­ко што е и про­це­ду­ра­та, а не­го­ви­от од­го­вор, по пра­ви­ло, го со­оп­шту­ва порт­па­ро­лот. Тој бе­ше де­ци­ден – не­ма нов пред­лог.

При­ка­ска­та око­лу до­а­ѓа­ње­то на Ни­миц со нов пред­лог за име­то ја поч­на грч­ка „Еле­фте­ро­ти­пи­ја“, ко­ја пред са­мо ед­на не­де­ла со­оп­шти де­ка по­сред­ни­кот до­а­ѓа со кон­кре­тен, нов пред­лог за пра­ша­ње­то за име­то. И сѐ ќе оста­не­ше во фор­ма на са­мо уште ед­на грч­ка бас­на, до­кол­ку на неа не се на­до­вр­заа ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми. Ин­тен­ци­ја­та на Ати­на бе­ше јас­на и вид­ли­ва. Ка­ко и мно­гу па­ти до­се­га, Гр­ци­ја, во пре­поз­нат­ли­ви­от стил на игра, пре­ве­ни­ра­ше мож­но „зло“ и ка­ков и да е не­при­фат­лив пред­лог за нив, а во иста­та таа пре­вен­ци­ја две не­де­ли прет­ход­но беа ин­вол­ви­ра­ни и Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос и грч­ко­то МНР. Пр­ви­от од се­ди­ште­то на ООН јас­но наг­ла­си де­ка за нив е при­фат­ли­во са­мо име за се­ко­ја упо­тре­ба. Со­оп­ште­ни­е­то на атин­ско­то МНР сле­ду­ва­ше ед­на не­де­ла по не­го и бе­ше уште по­ин­ди­ка­тив­но, а го со­оп­шти­ја исто­то, фи­лу­ва­но со бо­жем­на „по­греш­на“ упо­тре­ба на ре­фе­рен­ца­та?! Гр­ци­ја си го ка­жа сво­е­то и пред са­ми­от по­че­ток ја ур­ни­са нај­а­ве­на­та по­се­та на Ни­миц, по­втор­но ди­кти­рај­ќи ус­ло­ви и фор­ма на ре­ше­ни­е­то. По­тоа ра­бо­та­та во свои ра­це, или џе­бо­ви, ја пре­зе­доа ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми.

Чу­му ла­ги?

Грч­ки­те на­ве­сту­ва­ња и шпе­ку­ла­ции и нe ја по­тре­соа мно­гу ма­ке­дон­ска­та јав­ност, на­вик­на­та на по­сто­ја­ни под­мет­ну­ва­ња од атин­ски­те ме­ди­у­ми. Ви­стин­ски­от проб­лем се по­ја­ви во ли­фе­ру­ва­ње­то ла­ги од ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми. Пр­во­то пра­ша­ње што се по­ста­ви е зо­што не­кој би одел нас­про­ти на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си, но по ед­на се­кун­да раз­мис­лу­ва­ње на си­те им бе­ше јас­но де­ка и овој пат за­ја­кот ле­жи во кон­стант­но­то „оцр­ну­ва­ње“ на вла­ста, во кое по­доб­ни­те пер­а не из­би­ра­ат средс­тва.

Гр­ци­ја јас­но ка­жа што мис­ли за пре­го­во­ри­те, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба­ше са­мо да мол­чи. Ва­ка, не­кој јас­но про­во­ци­ра ре­ак­ци­ја, ко­ја на за­пад ќе се про­тол­ку­ва, а на југ ќе се зло­у­по­тре­би ка­ко не­кон­стру­ктив­ност. Очиг­лед­но, та­га­та од фа­ктот што се­га не­кој мо­ра да се за­ни­ма­ва со бед­ни­те оста­то­ци од не­кол­ку­те не­га­тив­но­сти во по­зи­тив­ни­от из­ве­штај на ЕК, исти­от тој ја пре­леа во но­ва те­о­ри­ја на за­го­вор.

zoran-zaev1-540x360

Да­ли СДСМ во без­и­деј­но­ста пре­диз­ви­ка­на од бра­то­у­бис­тве­на­та кон­сте­ла­ци­ја во сопс­тве­ни­те ре­до­ви, ка­де што врие од бе­скрај­на­ ни­за ка­та­стро­фал­ни по­те­зи на ра­ко­водс­тво­то, по­втор­но ќе му се мо­ли и на­де­ва на стран­ски­от фа­ктор? За да из­ма­мат по­мош во фор­ма на по­са­ку­ва­на­та Бож­ја ра­ка, ќе би­дат ли се­га тие по­доб­ни­те „др­жа­во­твор­ци“, кои, нас­про­ти „ти­ра­ни­те“, ќе се про­мо­ви­ра­ат ка­ко отво­ре­ни за со­ра­бо­тка, па и за про­ме­на на име­то, или ќе удрат кон­тра и ќе се оби­дат да до­прат до ма­ке­дон­ско­то гла­сач­ко те­ло пре­ку по­сто­ја­но­то ли­фе­ру­ва­ње лаж­ни ин­фор­ма­ции де­ка оваа гар­ни­ту­ра ќе го ме­ну­ва име­то? И та­ка, од та­ка­на­ре­че­ни­те че­ти­ри стол­ба ни­кој ни­што не ви­де, а глас­но нај­а­ве­ни­те 5.000 ти­мо­ви ис­чез­наа во пре­во­дот или во пар­ти­ски­те прес­ме­тки. Ќе би­де ли име­то нов адут на опо­зи­ци­ја­та? Ка­ко и да е, но­ва­та офан­зи­ва не е слу­чај­на, а „кич­ма­та“ е на­да­ле­ку поз­на­та.

Ми­ло­шо­ски: Се­кое из­бр­за­но ли­ци­ти­ра­ње со пред­ло­зи е вле­ту­ва­ње во грч­ка­та та­кти­ка

Се­кое из­бр­за­но оце­ну­ва­ње на евен­ту­а­лен пред­лог мо­же са­мо да го на­ру­ши кре­ди­би­ли­те­тот на пре­го­во­ри­те, ве­ли пот­пре­тсе­да­те­лот на ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние и по­ра­не­шен прв чо­век на дип­ло­ма­ти­ја­та Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски, спо­ред кој, ли­фе­ру­ва­ње­то ва­кви ин­фор­ма­ции е увер­ти­ра во но­ка­ут на прет­стој­ни­от пред­лог.milososki

МИЛОШОСКИ: Цел­та на Гр­ци­ја е со од­ле­ва­ње до­вер­ли­ви ин­фор­ма­ции пре­ку нив­ни­те ме­ди­у­ми да ја на­ру­ши ди­скре­ци­ја­та на грч­ко-ма­ке­дон­ски­те раз­го­во­ри и тоа нај­че­сто се слу­чу­ва ко­га Ати­на са­ка пред­вре­ме да го но­ка­у­ти­ра пред­ло­гот што сѐ уште не ни из­ле­гол на дип­ло­мат­ско-по­ли­тич­ки­от ринг. Спо­ред прет­ход­но­то искус­тво, прет­по­ста­ву­вам де­ка од­не­су­ва­ње­то на Гр­ци­ја и овој пат не­ма да би­де по­и­на­кво. Во та­ква­та на­ме­ра се­кое пре­ле­ва­ње на ве­ста во ма­ке­дон­ски­от ме­ди­ум­ски и по­ли­тич­ки про­стор и се­кое из­бр­за­но оце­ну­ва­ње на не­ви­де­ни­от пред­лог ка­ко до­бар, лош, про­ма­ке­дон­ски или про­грч­ки, са­мо мо­же да ја олес­ни та­кти­ка­та на Ати­на да го на­ру­ши кре­ди­би­ли­те­тот на про­це­сот на раз­го­во­ри под по­кро­ви­телс­тво на ООН. За­тоа сме­там де­ка Ма­ке­до­ни­ја не тре­ба да из­бр­зу­ва со ре­ак­ции на сѐ уште не­о­фи­ци­ја­ли­зи­ра­ни нај­а­ви и за нас ќе би­де мно­гу по­ко­рис­но ако се­ко­ја на­ша за­бе­ле­шка би­де упа­те­на на со­од­вет­но­то ме­сто, по дип­ло­мат­ски ка­на­ли. Се­кое јав­но ли­ци­ти­ра­ње со нај­а­ве­ни пред­ло­зи ќе би­де са­мо не­ве­што вле­ту­ва­ње во грч­ка­та та­кти­ка за де­вал­ви­ра­ње на про­це­сот на грч­ко-ма­ке­дон­ски­те раз­го­во­ри.

Грч­ка­та се­ри­ја актив­но­сти око­лу име­то е знак де­ка се­гаш­на­та ра­бо­та на Ни­миц не е по вку­сот на Ати­на, ве­ли Ми­ло­шо­ски, ка­ко и вре­ме­то што „слу­чај­но“ се сов­па­ѓа и со заседавањето на Со­ве­тот на ЕУ.

МИЛОШОСКИ: Ам­ба­са­до­рот Ни­миц е иску­сен дип­ло­мат, кој има чув­ство за грч­ко-ма­ке­дон­ски­от спор и за по­ли­тич­ки­от пулс во Ати­на и во Скоп­је, но исто­вре­ме­но има и до­бра ко­ор­ди­ни­ра­ност со дип­ло­мат­ски­те кру­го­ви во Ва­шин­гтон и во Бри­сел. За­тоа на Ни­миц ни­ко­гаш не му не­до­сти­га­ла ин­вен­тив­ност за но­ви пред­ло­зи, но тоа што му е по­треб­но во след­ни­ов пер­и­од е да нај­де по­го­ден тер­мин за плас­ман на след­ни­от нов или под­но­вен пред­лог. Та­кви­от тер­мин не ре­тко се сов­па­ѓа и со по­важ­ни­те ме­ѓу­на­род­ни со­би­ри, ка­ко што во де­кем­ври оваа го­ди­на е са­ми­тот на зем­ји­те-член­ки на ЕУ. Та­кви­те са­ми­ти се ме­сто на преп­ле­ту­ва­ње на раз­лич­ни би­ла­те­рал­ни ин­те­ре­си и по­тре­би на по­ве­ќе зем­ји од ЕУ и со тоа се соз­да­ва­ат одре­де­ни ус­ло­ви што би му да­ле до­пол­ни­тел­на те­жи­на на еден та­ков пред­лог за грч­ко-ма­ке­дон­ски­от спор и, се раз­би­ра, до­пол­ни­тел­но вни­ма­ние. Пре­до­зи­ра­на­та ре­ак­ци­ја на грч­ко­то МНР со, не са­мо цр­ве­ни, ту­ку, во овој слу­чај, би ре­кол и со дреч­ли­во­цр­ве­ни ли­нии во од­нос на спо­рот со устав­но­то име на Ма­ке­до­ни­ја се са­мо уште еден по­ка­за­тел де­ка дел од тоа што го ра­бо­ти Ни­миц не е под це­лос­на кон­тро­ла или не е со­се­ма по вку­сот на грч­ка­та по­ли­тич­ка ели­та. Ап­сурд­но­ста на ста­вот за оп­се­гот на упо­тре­ба­та на ре­фе­рен­ца­та е нов грч­ки па­ра­докс, кој има за цел да ги зат­скрие тра­ги­те на пре­су­да­та од Ме­ѓу­на­род­ни­от суд во Хаг, кој јас­но и глас­но го по­со­чу­ва пре­кр­ши­те­лот и прав­ни­от лек за при­ме­на на При­вре­ме­на­та спо­год­ба од 1995 го­ди­на. Но, Ати­на ни­ко­гаш не би­ла ни­ту ќе би­де ле­сен парт­нер за до­го­вор.

Извор: Република.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1