Нимиц пристигна во Скопје на средби со Иванов, Заев, Димитров, Мицкоски и Ахмети


Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, по посетата на Атина, денеска пристигна во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Нимиц претпладнево беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ со своите соработници, но не даде изјави за медиумите.

Изјава од медијаторот Метју Нимиц, како што информираат од МНР, е предвидена по неговата средба со министерот Димитров.

Нимиц, како што е најавено ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Нимиц, вчера, по средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки. На средбата двајцата разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и оцени дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот.

Во изјава за медиумите, тој не сакаше да ги открие неговите идеи и предлози, велејќи дека не е добра идеја да коментира што предложил. Посочи дека во медиумите протекоа некои од идеите, но нагласи оти јавно засега не може да зборува за тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1