Нина Ангеловска од Групер нов министер за финансии, Кирил Колемишевски заменик во економија


Премиерот Зоран Заев ги соопшти имињата на неколкуте нови министри и заменици-министри.

Најави дека ќе достави предлог до Собрание за нов министер за финансии Нина Ангеловска, предлог за нов заменик-министер за образование и наука, Елизабета Наумовска, ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за поддршка на развојот и на негово место ќе биде Кирил Колемишевски и ќе го предложи заменик-министер за новото Министерство за политички систем и односи со заедниците, Неџат Мехмедовиќ.

Сакам да испратам порака прво дека се добива шанса за бошњачката заедница преку учество на позицијата заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Се работи за млад и перспективен кадар преку кој сакаме да испратиме порака за младите луѓе да работат, да се трудат, да бидат препознаени од државата, Владата, општеството ги препознава и дава сериозни функции. Преку Колемишовски и Наумовска испраќаме сериозна порака на стручни луѓе кои може да дадат сериозен придонес и во економијата и во Министерството за образование и наука, а секако и преку кандидатот за министер за финансии Ангеловска, која е еден од основачите на Групер, добитник на Форбс 30, доктор на економски науки од УКИМ, која во регионот и светот е позната. Верувам во нејзиното осумгодишно искуство да биде основач, да направи перспективна компанија во модерните технологии која е препознаена во целиот регион и пошироко, истакна Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1