Нинџа: Парламентарно-партски штаб координитор на 27 април, УБК ги следеше Заев, Спасовски и Верушевски


„За заедничка Македонија“, беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ кои ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот Александар Василевски – Нинџа во својот исказ пред судот во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година.

– Кон 15 април зовре состојбата и се скандираше против „тиранската платформа“. Во свест ни беше врежан патриотизмот. Никој од овие во судница не знаеше што може да се случи на 27 април . Тој ден околу 12:30 часот ми се јави директорот на УБК и ми кажа да бидам во Скопје бидејќи има информации дека нешто ќе се случи, рече Нинџа. Додаде дека околу 16 часот повторно му се јавил Атанасовски и му рекол дека има информации оти СДСМ ќе бира претседател на Собранието и оти тоа го знае и Ченто.

– Додека седев некој му се јави и рече ова не е на арно некој друг ја презел командата и полицијата почна да дејствува. По извесно време Грујоски доби информација дека нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски. Тука разбрав дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието, рече Нинџа.

Кажа дека потоа со Бошкоски се упатиле кон Автокоманда, но во Керамидница застанал и истурил една кеса во Вардар.

Рече дека Бошкоски му се јавил на Атанасовски и го прашал што да прави со хард дисковите, по што добил одговор да се уништат по што Марковски двата хард диска ги уништил на преса и потоа со ножици за лим ги сечел цедињата на парчиња.

Одговарајќи на вкрстени прашања од обвинителството Александар Василевски-Нинџа рече дека УБК ги следело Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, иако тогаш бил министер за внатрешни работи. Додаде дека бил следен и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу кому му биле поставени камери кога не бил дома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1