Ниш: Жена се породила на минус 6 степени пред болница лекарите преку прозорец дошле до неа


Милена Т. (31) од Поповац кај Ниш родила здраво бебе во автомобилот пред породилиштето, на минус 6 степени.

На Милена тоа ѝ е второ дете, а породувањето таа и нејзиниот сопруг долго ќе го паметат.bebe111

Иако Поповац е оддалечен од Ниш помалку од 10 км, бебето било „нестрпливо“. А, дека се случува нешто невообичаено забележале и пациентите од Гинеколошко-акушерската клиника.

Лекарите, медицинските сестри и персоналот излетале околу 7:45 од своите канцеларии и ординации.

Сестрата извикала: „Брзо, пригответе ги носилките, опремата за породување, замете ќебе, жена се пораѓа во автмобилот. Наскоро пристигнуваат – пишува „Вечерње новости“.

Сите потрчале кон главната врата на породолиштето, но, за жал, на главниот влез во породилиштето веќе 20 дена вратата не работи, а автомобилот бил паркиран токму пред таа врата.

Некои тргнале по околниот, но значајно подолгиот пат, но, повторно се огласила искусната сестра Милена:

„Немаме време да одиме сите околу! Отворајте го прозорецот… ќе одиме преку прозорецот!“

И навистина, мажите, болничарите излетале низ прозорецот да укажат прва помош, да го однесат ќебето, бидејќи беебето го изнеле на мраз и студ. Бебето и мајката потоа биле префрлени низ службениот влез.

Началничката на одделението за стерилитет, лекарката Јасмина Поповиќ, била дежурна цела вечер. Најтешкиот случај се случувал при крајот на смената. Кога било соопштено дека сè е во ред со бебето и со мајката, екипата лекари и персоналот здивнале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1