Ништо не е човек да ни даде: Полначот за телефони не издржа ни 1 год


Првиот соларен полнач за мобилни телефони не издржа ни една година. По пет дена од неговата промоција тој беше целосно вандализиран, искорнати беа сите кабли од него, зјаеја празни дупки. Несовесните граѓани само за неколку дена го уништија. И покрај неговата обнова, тој повторно се вандализираше сѐ додека од „Вип-операторот “ престанаа да го поправаат, пишува Нова Макдонија.

solaren-polnac-MJI– Поради вандалското однесување на несовесните граѓани не само што се искорнати неколку полначи туку и однатре ги горат каблите. На месец и пол вршевме поправка на соларниот полнач – вели Даниела Начевска-Стојчевска, одговорна за корпоративни комуникации во „Вип-операторот“.

– Многу несовесен народ сме, не знаеме да го заштитиме тоа што го имаме. Имав потреба од мобилниот телефон, а батеријата беше празна, не можев да го видам соларниот полнач, а не камоли да дојдам до него. Затворен е со ограда половина година, бидејќи се гради, а не им доаѓа на ум да го дислоцираат за да може да им послужи на граѓаните – вели револтирано Јане Стојковски од Злокуќани.

Парцелата со површина од 6.308 квадратни метри, каде што спаѓа и полначот, е оградена, бидејќи треба да се градат офицерски дом и хотел. Од „Вип-операторот“ велат дека се бараат соодветни локации за да се дислоцира полначот.

Соларниот полнач беше поставен минатата година во јуни со речиси сите можни кабли, приклучоци и пинови за разните модели на телефони, но секој месец се регистрираа нови вандалски чинови. Граѓаните доаѓаа, ги погледнуваа искорнатите кабли и си заминуваа. И покрај неколкуте извршени поправки, полначот речиси половина година не е функционален, а капак на сѐ сега е и тоа што објектот е ограден и не се пристапува до него.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1