Ниту на внуци, ниту на деца: На своето куче му оставила наследство од 2,5 милиони евра


Жена од Италија го оставила целиот свој имот во вредност од 2,5 милиони евра на своето куче. Одлуката на 84 – годишната жена која живее со својата ќерка и неколкуте внуци ја објаснил нејзиниот адвокат. Според нејзиниот тестамент, песот наследува два стана, неколку имоти, и повеќе банкарски сметки. Според адвокатот, госпоѓата својата одлука ја донела брзо по смртта на нејзиниот маж.bogati-psi-520x341

Според италијанскиот закон, оставените имоти и недвижнини на милениците немаат правна основа. Лицата кои сакаат тоа да го направат треба да одредат извршител на својот тестамент кој може да биде приватно лице или организација. Извршителот пак е должен на миленичето да му осигура квалитетен живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1