Ниту УКИМ не куртули од „Скопје 2014“


Конечно е обелоденет изгледот на двата нови објекти што ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ, на просторот спроти трговскиот центар „Мавровка“. Се работи за идните згради на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, кои ќе се градат според идејните решенија на Жарко Чаушевски, архитект кој стои зад најголем дел од проектите во духот на „Скопје 2014“, пишува Билд.мк.

Чаушевски победи на конкурсот во конкуренција на 17 пристигнати трудови ukim barok ukim barok2

Паралелно со објавувањето на избраните идејни решенија, Министерството за образование и наука денеска објави тендер за изградба на објектите. Двете згради ќе имаат вкупна површина од 11.238 метри квадратни, а Министерстовото проценува дека трошоците за реализација на проектот ќе изнесуваат 13,6 милиони евра.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1