Нивото на Охридското Езеро падна под природната кота


Малите врнежи од дожд и снег и оваа оваа зима придонесоа за намалување на нивото на водата во Охридското Езеро. Според последните информации на Управата за хидрометеоролошки работи,  нивото на езерската вода се наоѓа на  693,14 метри надморска височина, односно 3 саниметри под природната кота која изнесува 693,17 или 4 сантиметри над минимално дозволената кота која изнесува 693,10 метри надморска височина.

nivo_na_ezero_namaleno_vnatreИ покрај намаленото ниво на езерото, експертите тврдат дека тоа е природна појава и дека водостојот ќе се покачи со првите поголеми врнежи на дожд и снег.

-Нивото на езерото достигнува максимум во пролет поради доток на вода од дождовите и од топењето на снегот и минимум во есен и рана зима кога нема доток на вода. Во овој период од годината има помалку вода и во реките кои се влеваат во езерото, а суводолиците носат вода само во пролет со поројните дождови и со топењето на снегот. Во причините за намалување на водата голема улога игра и човечкиот фактор, кој го регулира коритото на реката Црн Дрим, односно влијае врз истекувањето на водата од езерото во Струга, велат хидробиолозите.

Според нив намаленото ниво нема да има негативни ефекти врз езерската флора и фауна.

Големо намалување на нивото на езерската вода беше забележан во есенските месеци во 2011 година, кога пресуши и дотокот на вода во Билјанини Извори.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1